Откупната цена на оризот и оваа година е ниска

Откупната цена на оризот и оваа година е ниска

 

 

Моја  фарма ги следеше настаните поврзани со овогодинешниот откуп на оризот. По сите средби и договори меѓу ресорниот министер Хоџа и претставниците на оризопроизведителите,  и оваа година земјоделците не се задоволни од откупната цена на оризот.

– Работиме од година за година. Сега ова ќе го продадеме за да го платиме ѓубрето од лани и нафтата што сме ја земале. Ако остане за нас, ќе подмириме струја и вода, велат производителите.

– По средбата со министерот Хоџа заклучивме дека тие не можат да ни понудат помош за цената што ние ја бараме, со оглед што производните трошоци во моментот изнесуваат 23 денари за килограм арпа, а со вртоглавото покачување на цените на препаратите и вештачките ѓубрива ние веќе сме во загуба и со таа цена. Мерката што ни ја понуди ја имавме пред неколку години и со неа бевме уништени, со оглед што тогаш арпата се откупуваше по 24 денари, а по дадената субвенција од пет денари по килограм, откупувачите веднаш ја симнаа откупната цена на 18 денари. Оттогаш откупната цена никогаш не се покачи и сега сме во чиста загуба, истакна Тони Максимов од Инцијативниот одбор за заштита на оризопроизводството.

Од Инцијативниот одбор за заштита на оризопроизводството додадоа дека меѓу причините поради кои доцни овогодишната жетва на оризот е и задоцнетата сеидба затоа што водостопанското претпријатие не ја пуштило навреме водата во нивите.