Русија во винска војна со Франција – чие е шампањското?

Русија во винска војна со Франција – чие е шампањското?

 

Слично на спорот со Хрватска и Италија за виното просеко, во меѓусебен конфликт влегоа Франција и Русија откако во петокот Русите донеле закон за оригиналноста на пенливото вино шампањ, односно обврска дистрибутерите на шампањ да наведат на етикетата на задниот дел од шишето дека станува збор за „пенливо вино“, додека називот “шампањ” е резервиран за руските производители на пенливо вино.

Франција верува дека може да го реши спорот со шампањот со Русија преку дијалог, но доколку е потребно ќе контактира со Светската трговска организација (СТО), изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан.

Ле Дријан кажа дека во следните денови Париз ќе се обиде да најде решение во соработка со руските власти на билатерално, но и на европско ниво, со цел да се заштитат интересите на француските производители и заштитени брендови со географско потекло.

– Доколку се утврдат повремени прекршувања на правилата на Светската трговска организација, секако дека ќе постапиме како што планиравме и претходно кога станува збор за Русија. Се надевам дека дијалогот ќе овозможи овој спор да се реши, рече министерот во парламентот.

Францускиот министер за земјоделство Жилиен Денорманди изјави дека името „шампањ“ може да се користи само за пенливи вина произведени во истоимениот регион во Франција, иако други земји од време на време се обидуваат да го преземат името како да е нивно.

 

Категории: Вести

Слични Новости