Чиа семе – супер храна за виталност и здравје

Чиа семе – супер храна за виталност и здравје

 

Чиа семето потекнува од Јужна Америка, но во последниве години е актуелен хит ширум светот, па и кај нас. За нутритивните вредности на ова семе се знаело уште од дамнешни времиња, всушност самиот збор ‘’чиа’’  значи сила. Ова семе содржи богати количини на корисни материи. Се препорачува да се користи како додаток во храна, бидејќи храната од нашето поднебје не содржи доволно омега-3 масни киселини.

Извор: Pixabay

Со оглед на своите нутритивни вредности, чиа семето нуди низа здравствени придобивки:

  • Има антивоспалителни својства поради високата концентрација на Омега-3 масните киселни. Овие масни киселини можат да делуваат на намалување на нивото на LDL или „лошиот холестерол„ во крвта и во намалување на високиот крвен притисок.
  • Го храни мозокот и влијае врз подобрување на неговата функција, меморија и концентрација како резултат на големото количество есенцијални масни киселини.
  • Чиа семето ја намалува инсулинската резистенција и го подобрува нивото на шеќер во крвта, и е одличен избор за борба против дијабетес тип 2. Интересно е тоа што во споредба со традиционалниот леб, оној кој е направен со додавање на чиа семе е фаворизиран за намалување на шеќерот во крвта и како таков се препорачува за секојдневна употреба за луѓето кои страдаат од дијабетес
  • Влијае на детоксикација и елиминација преку чистење на дебелото црево и апсорбирање на токсините и ја подобрува работата на цревата. Тоа е поради голем број на растителните влакна, (само 28g чиа семе се содржат дури 11g растителни влакна), што е речиси половина од просечните дневни потреби на еден возрасен човек.
чиа семе

Извор: Pixabay

  • Помага при губење на телесната тежина, бидејќи есенцијалните масни киселини помагаат да се забрза метаболизмот, а растителните влакна подолго време даваат чувство на ситост. Исто така ова семе ја зголемуваат силата и виталноста на мускулите и затоа се препорачува како додаток во напиток после тренинг.
  • Чиа семето содржи два антиоксиданси: кверцетин и каемферол. Овие антиоксиданси позитивно влијаат во намалувањето од ризикот од срцеви заболувања, остеопороза, но и во превенцијата од малигните заболувања и други хронични заболувања.
  • Семето од чиа е најбогатиот растителен извор на Омега-3 масни киселини (дури 30%), Омега-6 масни киселини (10%), протеини и моќни антиоксиданси. Ова „супер семе“ како што го нарекуваат нутриционистите е одличен извор на есенцијалните минерали (фосфор, манган, калциум и цинк), a содржи и висок процент на диетални влакна.
  • Чиа семето содржи и Омега 6 масни киселини, антиоксиданси и протеини, кои и тоа како се важни за здравјето на кожата. Студиите покажале дека конзумирањето на чиа семето исто така влијае на здравјето на косата и ноктите со оглед на фактот дека чиа е голем извор на протеини кои телото мора константно да ги има, за да го одржува и штити коренот на влакното, односно ноктите, кои се направени од протеинот кератин.
чиа семе

Извор: Pixabay

Во 28g чиа семе се содржи:

– 137kcal

– 12,3g јаглехидрати

– 4,4g протеини

– 8,6g масти

– 10,6g растителни влакна (44% од ДПВ)

– 0,6mg манган (30% од ДПВ)

– 265mg фосфор (27% од ДПВ)

– 177g калциум (18% од ДПВ)

– 1mg цинк (7% од ДПВ)

– 0,1mg бакар

– 44,8mg калиум

чиа семе

Извор: Pixabay

Семето од Чиа содржи:

– 8 пати повеќе Омега-3 од лосос

– 30 % повеќе антиоксиданси од капина

– 25 % повеќе влакна од ленено семе

– 5 пати повеќе калциум од млеко

– две лажици чиа семе содржат два пати повеќе калиум од една банана.

 

Категории: Вести, Здрава храна

Слични Новости