Зошто е здраво да се пие една чаша црвено вино дневно?

Зошто е здраво да се пие една чаша црвено вино дневно?

 

Можеби сте чуле за тврдењето дека една чаша вино на ден помага во одржување на добро здравје. Многу научни истражувања ја потврдуваат поврзаноста помеѓу умерено конзумирање на црвено вино и добро здравје на срцето. Од друга страна, нутриционистите советуваат луѓе кои сакаат да изгубат тежина да избегнуваат алкохолни пијалоци.

вино здравје

Извор: Pixaby

Предности

Црвеното вино како природен пијалок што се прави од ферментација на чист сок од грозје. Во својот состав содржи многу микро и макронутриенти како калиум, натриум, калциум, магнезиум, железо, цинк, селен, бакар, хром и рубидиум.

Црвеното вино има позитивно влијание  врз составот на крвта, го зголемува бројот на црвени крвни клетки, го зголемува нивото на хемоглобин и го намалува ризикот од анемија и ја намалува густината на крвта.

Црвеното вино е извор на биофлавоноиди и антиоксиданти. Тие не само што  се борат против слободните радикали, ги штитат и спречуваат предвремено стареење на клетките, туку исто така спречуваат формирање на тромбови во крвта.

Црвеното вино има стимулирачки ефект врз дигестивниот систем: го зголемува апетитот, го зголемува лачењето на жлездите, помага во одржување на нормалното ниво на киселост на желудникот. Супстанциите содржани во црвено вино ги нормализираат метаболичките процес, така што неговата употреба е дозволена во многу диети.

Црвеното вино има и  антистресно дејство врз организмот. Гроздовиот напиток ги стимулира ендокрините жлезди, го забрзува  метаболизмот, го зајакнува имунитетот и го подобрува спиењето.

црвено вино

Извор: Pixaby

Недостатоци

Еден од најголемите предизвици кога станува збор за алкохолот е како да го ограничите внесувањето. На луѓето им е тешко да проценат кога е добро да пијат чаша вино или друг пијалок, но и кога да престанат. Лекарите препорачуваат ако пиете алкохол, тоа да биде умерено. Препорачаната дневна доза за мажи е од еден до два чаши црвено вино, а за жени  една чаша.

Прекумерната конзумација на црвено вино може да доведе до голем број здравствени проблеми, како  оштетување на црниот дроб. Големите количини на алкохол негативно влијаат на работата на срцето, на зголемувањето на крвен притисок, ја поттикнаат аритмијата. Присуството на танинот во винотно може да предизвика сериозни главоболки.

Алкохолот е пред се неуротоксична супстанца. Конзумирање алкохол во големи количини доведува до еуфорија, но бргу потоа следи и фаза на забавување на рефексите и намалување на видното поле. Алкохолот не само што негативно влијае на физичката состојба, туку и на човечката психа.

Алкохолот делува штетно на репродуктивните клетки. Кај мажот влијае на помало производство на квалитетна семена течност, додека кај жените може да предизвика хормонален дисбаланс како и подложност на инфекции на  репродуктивните органи.

Алкохолни пијалоци, кои вклучуваат црвено вино, не можат да бидат етикетирани како здрави,  нивното влијание врз телото зависи од повеќе фактори, како возраста, полот, исхраната како и општата здравствена состојба на единката.

Важно е да се спомене како алкохолот влијае врз телесната тежина. Исто така и тука се утврдени разлики, така што некои луѓе кои пијат губат телесната тежина, а некои ја зголемуваат.  Алкохолните пијалоци имаат калории, како и храната. За разлика од другите пијалоци, виното е во  предност, бидејќи има помалку шеќер и калории.

вино и калории

Извор: Pixaby

На крај, најдобро е да се запрашате како овој пијалок влијае на вашиот сон, потреба за храна и тежина. Доколку не чувствувате непријатност, една чаша вино дневно ќе Ве опушти и ослободи од стресот,  но може да направи чуда за вашето здравје. Но, единствено ако се задржите само на таа една чаша вино.

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Здрава храна