Мали семиња – големи здравствени придобивки

Мали семиња – големи здравствени придобивки
 

 

Синапот е најпознат како главна состојка за правење  на сенф, но малкумина знаат дека тоа е еден од најздравите зачини. Ова мало зрно семе во себе крие многу лековите својства и има многу добри ефекти на целиот организам. Постојат над 40 различни сорти на синап, од кои три се најпопуларни: бел синап, црн синап и кафеав синап.

Бел (жолт) синап

Белиот синап е најпознат и комерцијално најраспространет. Белите и жолтите семиња од синап се всушност едно исто. Семките имаат претежно посветла боја. Кога ќе се сомелат, го прават жолтиот сенф каков што сите го познаваме (понекогаш се додава прехрамбена боја за да добие многу светло жолта боја). Кога се цели зрната, тие обично се нарекуваат семе од бел синап и се користат во кисели краставички, слатки и саламура.

 

Црн синап

Црното семе од синап, всушност има потемна кафеава нијанса што на изглед прави семките да изгледаат црни.  Помали по големина во споредба со жолтото семе од синап, но имаат интензивен и лут вкус. Всушност, семките од црн синап имаат најлут вкус.

Кафеав синап

Ова семе е најмало по големина во споредба со другите две сорти. Освен што е луто, кафеавиот синап има и кисел вкус. Овие семиња најчесто се користат за правење сенфови од цели зрна синап. Се повеќе, кафените семиња го заземаат местото на црниот синап во индиското готвење.

 

Колку е здраво семето од синап ?

Синаповото семе е богат извор на витамини и минерали, а неговата употреба за медицински цели е позната уште од античко време.

Семето од синап содржи витамини А, Б6 и Ц (и други витамини), омега 3 масни киселини, магнезиум, калиум и многу други соединенија за одржување на добро здравје.

Може да помогне да се контролираат симптомите на астма

Семето од синап има голем процент на селен и магнезиум. И двете компоненти му даваат уникатно антиинфламаторно дејство. Ако се конзумира редовно, може да помогне да се контролираат симптомите на астма, настинка и воспаление на белите дробови.

Може да помогне во лекувањето на псоријазата

Некои истражувања покажале дека синапот може да биде корисен за лекување на воспаленија и рани предизвикани од псоријаза.

Бидејќи е богато со сулфур, синаповото семе е одлично за лечење од инфекции на кожата. Сулфурот му дава на семето анти-габично и анти-бактериско својство кои помагаат при справување со кожните инфекции.

 

Добро за  дигестивниот систем и помалку килограми

Додавањето семе од синап во храната, може позитивно да влијае на дигестивниот систем, особено за луѓето кои имаа проблеми со варењето на храната. Тоа е поради раститиелните влакна кои ги содржи семето, и на тој начин истовремено се забрзува метаболизмот и помага во губењето на тежина.

Добри за коски, нокти и заби

Минералите помагаат во одржување на силни коски и ги зајакнуваат ноктите, косата и забите.

Маслото од синапово семе се користело за симулирање на растењето на косата. Познато е дека е полно со витамини и минерали, но тоа што ја прави разликата е големото присуство на бета каротен. За време на производството на масти, бета каротенот се претвора во витамин А, кој е одличен за растот на косата.

Може да го забави стареењето

Синапот е одличен извор на каротени, зеаксантини и лутеин, витамин А, Ц и К. Сите овие состојки ставени заедно се богати со антиоксиданти, што го забавува процесот на стареење.

Го намалува холестеролот

Семето од синап содржи високи количества на ниацин и витамин Б3. Ниацинот има својства кои помагаат во намалувањето на холестеролот и ги штити артериите од артеросклероза. Исто така помага во регулирањето на крвниот притисок и го заштитува телото од хипертензија

 

Ослободува од ревматски, артритични и мускулни болки

Селенот и магнезиумот кои можат да се најдат во синапот помагаат во антиинфламаторните процеси. Кога ќе се нанесе на телото паста од синап, таа ја загрева областа и помага да ги ослободи мускулите, што води до ослободување од болката.

Треба да се напомене дека синаповото семе треба да се користи умерено. Иако има одлични лековити способности, исто така може да биде и отровно ако се конзумира во големи количини. Препорачана дневна количина за возрасни е една лажица, но советувајте се со лекар пред да го користите.

Како да користите семе од синап за готвење

Употребата на семето од синап е популарно во различни кујни на светот. Ова семе го менува вкусот во зависност од зеленчукот кој го користите и затоа  најчесто се користи за да се надополни вкусот или вкусот на другите зачини и билки.

Еве неколку начини како може да го користите:

Печете семе од синап во топло масло пола минута, на тој начин ќе се ослободи природните вкусови.

Можете да додадете една лажичка семки како додаток за да направите преливи за салата, маринади или сосови.

Додадете неколку лажички цело семе од синап во тестото за подготовка на лебо или во трошки за пржење.

Белиот синап се користи како одлично средство за конзервирање на намирници. Храната е одлично зачувана, а истовремено конзервансот е вкусен и не е штетен.

 

Најдобро е во комбинација со: зелка, карфиол, грашок, компири, ѓумбир, пилешко, јагнешко месо, јајца, морска храна или ориз.

Најдобро се комбинира со следниве зачини: сусам, мелен ѓумбир, каранфилче, семе од ким, суви чили, семе од коријандер

Најпозната примена на семето од синап е за подготовка на сенф. Toj се добива со мелење и мешање на семето со вода, оцет или други течности се создава жолтиот зачин познат како подготвен сенф.

Потребни состојки:

50 g семе од бел синап

50 g бел синап во прав

60 ml вода

60 ml бел оцет

60 ml бело вино

Оставете ги овие состојки да отстојат 24 часа.

Следниот ден на смесата додадете: 2 лажички сол, 2 лажички мед и 1 лажичка мешавина од зачини по желба. Сите состојки измешајте ги  во блендер и ќе имате свој домашен сенф.

Доколку сакате полут вкус може да го направите сенфот од семе црн синап, доколку сакате поблаг додадете семе од бел синап.

Природен лек за искашлување кај деца и возрасни,

Потребни состојки за возрасни:

500 г ливадски мед (може и посилен)

1 лимон

3 лажици ленено семе

1 лажица семе од бел синап 

Потребни состојки за деца над 3 години:

500 г багремов или некој друг светол мед

1 лимон

2 лажици ленено семе

1 лажичка семе од бел синап

Лененото семе и синапот сомелете ги во прав. Исцедете сок од еден поголем лимон (или два помали) и додадете го во тегла со мед.

Добро промешајте за медот малку да се разреди. Во разредениот мед додадете ги мелените зачини и мешајте добро за медот да ги впие состојките.

Поклопете и оставете во фрижидер. Се консумира три пати по една лажичка на ден за деца, а за возрасни три пати по една лажица. Поради лимоновиот сок смесата мора да се чува во фрижидер.

Категории: Здрава храна