Стрвни сте за благо, а сакате да внимавате на здрави состојки – Темното чоколадо е вашето решение

Стрвни сте за благо, а сакате да внимавате на здрави состојки – Темното чоколадо е вашето решение

 

Чоколадото произведено од семето на дрвото какао е еден од најдобрите извори на антиоксиданси. Какаото содржи три пати повеќе антиоксиданси од зелениот чај.  Со додадавање на  ореви или здрави плодови  дополнително може да се зголеми нивото на  антиоксиданси. Благодарение на какаото, чоколадото содржи голем број на здрави масти, вклучувајќи ја олеинската киселина, која се наоѓа и во маслиново масло.

Црното чоколадо или темно чоколадо се прави со додавање на шеќер во какаото и за разлика од млечното чоколадо, воопшто не содржи шеќер. Најчесто шеќерот се додава за да се балансира горчливиот вкус . Колку е повисок процентот на какото, толку е помало нивото на шеќер. Така на пример количината во црното чоколадо кое содржи 70-85 % какао е околу 6.8 g, додека млечното чоколадо .

чоколадо какао

Извор: Pixaby

Црното чоколадо не само што претставува замена за млечното, во однос на задоволување на потребата за благо, туку може да содржи многу корисни органски соединенија како што се антиоксидансите. Овие биоактивни соединенија го подобруваат протокот на крв во кожата и ја зголемуваат хидратацијата на кожата, помагаат во забавување на процесот на стареење. Во темно чоколадо има антиоксиданси од какао кои директно влијаат на отпорноста на инсулин и го намалуваат ризикот од дијабетес.

какао зрна

Темното чоколадо има вишок содржина на какао, додека млечното чоколадо најчесто се прави од млечни цврсти материи. Црното чоколадо содржи повеќе кофеин од обичното млечното чоколадо. Според некои истражувања откриено е дека оние кои консумираат какао го подобриле протокот на крв во мозокот.  Една од причините зошто какаото ги зголемува мозочните функции на краток рок е тоа што содржи стимулативни супстанции како кофеин. Поради кофеин, темно чоколадо има големи придобивки за срцето. Сепак оваа стимулативна супстанција може да предизвика некои проблеми како што се вознемиреност и аритмија кај хронично болни лица, бремени жени и доилки. Затоа, потребно е да се консумира во умерени количини. Колку е потемно чоколадото, толку истото е побогато со диетални влакна.  Храната која изобилува со диетални влакна прави да се чувствувате сити во текот на денот.

Јадењето црно чоколадо помага во подобрување на вашето расположението. Тоа е поради соединенија кои ги има во какаото, а истите помагаат во производство на серотонинот т.н. хормонот на среќата.

чоколадо благо

Извор: Pixaby

Црното чоколадо е храна што треба да се консумира секој ден поради многу здравствени придобивки.. Дневно препорачна порција  е од 20 до 30g. Во својот состав црното чоколадо содржни 1% вода, 44 % масти, 47% јаглехидрати и 8 % протеини, наспроти млечното кое содржи 2% вода, 30% масти, 60% јаглехидрати и 8 % протеини.

 

 

Категории: Здрава храна