Скопје во есен мириса на костен – кои се неговите придобивки

Скопје во есен мириса на костен – кои се неговите придобивки

 

Есента во Скопје, како и во многу други метрополи ширум светот, се карактеризира со еден специфичен убав мирис кој се шири наоколу. Го има по плоштадите, низ прометните градски шеталишта, пракитично се чувствува насекаде каде и да одите. Се разбира, Ви говориме за неодоливиот мирис на печениот костен. Мирисот на печените костени е знак дека времето почнува да заладува. Но, дали сте знаеле дека покрај пријатната арома и одличниот вкус, костените имаат да ни понудат и многу повеќе од тоа? Како и повеќето јаткасти плодови, така и костените имаат навистина импресивна хранлива вредност, која поттикнува различни здравствени придобивки за кои ќе зборуваме во продолжение.

костен

Познати се стотици различни видови на костени, но генерално се делат на питоми и диви. Додека питомиот костен е вкусен и е вистински деликатес, дивиот костен не се јаде, но е многу лековит. Од него се приготвуваат креми, тинктури и други медицински препарати. Најчесто се применува за лечење на проблеми со вените, артитис и реума.

Плодовите на питомиот костен ја чисти крвта и го зајакнуваат имунитетот. Богати се со витамин А, витамини од Б групата (Б1, Б2 и Б6), и е единствениот јаткаст плод кој содржи витамин Ц. Овие нутриенти се сочувани за време на готвењето, бидејќи дебелата кора ги заштитува. 

Плодот на костенот е богат со фолати, што инаку е карактеристично за зелениот листест зеленчук.

Костенот содржи високо ниво на моно-незаситени масти, како што се оленската и палмитинската. Тие го штитат кардиоваскуларниот систем и заедно со влакната во костенот, може да го намалат нивото на холестеролот.

Плодовите на костенот се извондредно хранливи и содржат голем број на минерали меѓу кои се: магнезиумот, калциумот, калиумот, фосфорот и железото.

костен

Во својот состав има поголем процент на скроб, и е сличен на компирот и пченката. Поради скробот може да се направи и брашно и пире од костен. Дополнително на сето ова, не содржи глутен, што ги прави погоден избор за лицата кои страдаат од целијакија.

Костенот има својство да ја исфрла водата од организмот, па така помага и во случај на бубрежни и желудочни тегоби. Помага за циркулација и подобар проток на храната низ цревата.

Како храна има висока енергетска вредност, а препорачана количина на костени дневно за да може да ги искористите сите негови позитивни својства, е 85 грама.

Гастрономската примена на костените е многу поголема од едноставното уживање во варени и печени костени. Од костени се подготвуваат разни супи, чорби, пире, гарнири и десерти. Често се додаваат и во салати, како и во тестенини. Исто така, се употребува и за подготвување на сосови кои се служат со дивеч. Лебот, пак, направен од брашно од костен има пријатна арома, сладок вкус. Брашното од костен се користи самостојно или мешано со брашно од житарки за да се направи леб и колачи.

Костенот доцна цвета, па во есенскиот период е главен извор на полен и нектар за пчелите. Костеновиот мед е многу лековит, помага при гастритис, го штити црниот дроб и придонесува кон подобра циркулација во организмот. Додека пак, чајот од листови од костени е познат народен лек против тегоби со дишниот систем, како бронхитис и астма.

Категории: Здрава храна