Хоџа: Пратениците да ги поддржат измените со кои недела ќе биде неработен ден
Од Владата очекуваат Предлог-измените на Законот за работни односи со кој недела треба да биде прогласен за неработен ден наскоро да ги помине собраниските процедури и да биде изгласан во Собранието.
Владиниот портпарол Муамет Хоџа денеска на редовната прес-конференција во Владата апелираше до сите пратеници, и од власта, и од опозицијата, да го поддржат ова законско решение.
Предлогот на закон за измени на Законот за работни односи со кој се предвидува недела да биде ден за неделен одмор се уште не е ставен на дневен ред во собраниската Комисија за труд и социјална политика. Очекуваме дека ова законско решение наскоро ќе помина на матичната комисија во Собранието и потоа согласно собраниските процедури ќе се најде и пред пратениците на пленарна седница. Апелираме до сите пратеници, и од власта и од опозицијата, да го поддржат ова законско решение бидејќи е во интерес на граѓаните, истакна Хоџа, одговарајќи на новинарско прашање.
Предлогот недела да биде неработен ден треба да почне да се применува од 1 октомври.