Хоџа на терен во Ресен: За оштетените овоштари ќе се прави проценка со извештај до државна комисија

Хоџа на терен во Ресен: За оштетените овоштари ќе се прави проценка со извештај до државна комисија

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа го посети Преспанскиот крај кој неодамна беше погоден од силно невреме со град при што беа нанесени големи штети на овоштарите.

Хоџа Преспа/Hoga Prespa

„Заедно со градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, го посетив Преспанскиот регион кој во претходните денови беше погоден од невреме. На лице место ја видов штетата предизвикана од врнежи на град. Во разговор со оштетените земјоделци, констатиравме дека штетата би била многу поголема без авионската интервенција против град, за која цел е извршено засејување на градоносните облаци со сребрен јодид“, истакна Хоџа.

Општина Ресен, неодамна објави Јавен повик со кој ги повика земјоделците чии површини имаат претрпени штети да ги пријават.

Општинската комисија веќе ja собира потребната документација. По обработката на податоците ќе биде доставен извештај до Државната комисија за проценка на штети.

Категории: Вести