Поддршка за младите земјоделци – да работат и останат во своите краишта

Поддршка за младите земјоделци – да работат и останат во своите краишта

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, и викендов е на терен. Тој на својот фејсбук профил напиша:

,, Ми беше чест што утрово имав можност да поразговарам со Благојчо Василев од село Чешиново, млад земјоделец, корисник на финансиска поддршка преку мерката за набaвка на механизација од Програмата за рурален развој.

Благојчо купил комбајн за ориз, се со цел да си го направи производство порентабилно. Особено ми е драго кога гледам дека млади луѓе инвестираат и се занимаваат со земјоделство.

Нашата поддршка за младите земјоделци ќе продолжи преку зголемена мотивација за влог во земјоделство, да работат и останат во своите краишта.”

 

Категории: Вести