Кои се придобивките од еколошкото земјоделство во ЕУ?

Кои се придобивките од еколошкото земјоделство во ЕУ?

 

 

Истражување спроведено како дел од проектот ЛИФТ финансиран од ЕУ покажа дека еколошките практики се патот кон напред за земјоделците во Европа. Ова истражувањето спроведено со помош Шкотскиот рурален колеџ (SRUC), инаку партнер на LIFT проектот, укажува на тоа дека овие практики им помагаат на земјоделците да ја зголемат својата добивка, а истовремено ги исполнат целите за одржливо земјоделство.

Истражувањето вклучувало економска проценка на четири различни еколошки практики за управување со сточарските фарми во Шкотска. Биле добиени податоци од 31 сточарска фарма вклучени во истражувањето на шкотските фармери кое било спроведено на почетокот од 2020 година. Економското влијание на различните еколошки практики потоа било анализирано со користење на економски модел на ниво на фарма наречен ScotFarm. Моделот се заснова на претпоставката дека сите активности на фармата се меѓусебно поврзани и служат за максимизирање на профитот на фармата.

Како што неодамна објави веб-страницата „FarmingUK“, целта на истражувањето е да се добие увид во тоа дали примената на економски исплатливи практики за управување со фармите ќе резултира и со нивно полесно прифаќање од страна на земјоделците. Било откриено дека примената на две од мерките што е потенцијално лесно може да се усвојат – претворање на дел од обработливо земјиште во еколошка област и намалување на обемот на фармата – може да резултираат со зголемување на профитот на фармата до 7%. Сепак, еколошките пристапи од типот посветување на дел од обработливо земјиште за садење дрвја и префрлање на систем за органско земјоделство, бараат капитални инвестиции, а со тоа тие поставуваат и вистински предизвик за сточарите без никаква финансиска поддршка.

За споменатиот портал д-р Шајлеш Шреста од SRUC истакнува дека нивното истражување обезбедува пресек за економските последици од усвојувањето на голем број од практиките за еколошко управување со фармите. И додава дека сепак, е потребно подобро разбирање за економската остварливост на овие практики за агро-еколошко управување, што ни овозможило поголемо прифаќањето на практиките од страна земјоделците, односно на шкотските фармери со оглед на тоа што истражувањето е спроведено во Шкотска.

Земјоделството треба да се прилагоди на променливите потреби на потрошувачката и на животната средина. Подоброто разбирање на еколошките принципи ги менува ставовите на луѓето за тоа како функционираат фармите. Меѓутоа, како што расте интересот за еколошките практики, треба се утврди и што тие ќе придонесат за земјоделството, како најдобро да се имплементираат и колку земјоделците ќе бидат подготвени да ги усвојат.

Проектот LIFT (Low-Input Farming and Territories – Примена на знаење за подобрување на земјоделството засновано на екосистем) се обиде да ги утврди придобивките од еколошкото земјоделство во ЕУ и да разбере како социо-економските и политичките фактори влијаат на усвојувањето, перформансите и одржливоста на еколошкото практики за управување на различни нивоа, од нивна примена на само една фарма до онаа на цела територија.

 

Извор: Емитер

Категории: Вести