Намалувањето на емисиите на стакленички гасови заостанува во сите сектори: транспорт, земјоделство, енергетика

Намалувањето на емисиите на стакленички гасови заостанува во сите сектори: транспорт, земјоделство, енергетика

 

Според досегашните истражувања, до 2030 година,  финансиските ресурси на глобално ниво во борбата против климатските промени треба да се зголемат за дури 5 трилиони долари годишно.

Студија на Фондацијата Томсон Ројтерс предупредува дека преминот на светските економии кон технологии со неутрални CO2 е премногу бавен, во обид да се исполнат меѓународно договорените цели за ограничување на растот на температурата на воздухот на 1,5 степени Целзиусови, во споредба со прединдустриските нивоа.

Се известува дека темпото на напредок во намалувањето на емисиите на стакленички гасови заостанува во сите сектори: транспорт, земјоделство, енергетика. Ниту еден од 40-те проценети индикатори не ги исполнува целите на Парискиот климатски договор од 2015 година.

Од вкупниот број на индикатори, дури 25 беа оценети како „значително отстапуваат“ или „делумно отстапуваат“, вклучително и користење на т.н валкан јаглен за производство на енергија.

Но, студијата сепак имаше и позитивни страни, како што е поширокото прифаќање на енергијата на ветерот и сончевата енергија и зголемената употреба на електрични возила на патиштата.

„Иако има некои охрабрувачки знаци за напредок во неколку сектори, севкупните глобални напори за ублажување на климата сè уште се жалосно слаби“, рече Софи Боем, една од авторите.

Според Софи Боем од Светскиот институт за ресурси (истражувачки центар со седиште во САД) „Вкупните глобални напори за ублажување на климатските промени сè уште се на незавидно ниво“. Таа додава дека резултатите од студијата треба да обезбедат „јасна слика“ за владите во пресрет на самитот за клима на Обединетите нации, COP26.

 

Извор: Reuters

Категории: Вести, Зелен развој