Креирање на колаборативна политика за рурален развој

Креирање на колаборативна политика за рурален развој

 

 

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 23.08.2022 се одржа настан поврзан со проектот „Колаборативна политика за рурален развој”- Полирурал кој е финансиран од Европската Унија преку програмата за истражување и иновации Хоризонт 2020.

АгФутура Технологии, како пилот-лидер (www.agfutura.com), и организацијата Платформа за зелен развој, како пилот-партнер (www.greengrowth-platform.org), ги реализираа проектните активности во С. Македонија. На овој настан ги претставија резултатите од проектот со вклучување на сите интересни групи (носители на одлуки, земјоделци, експерти) во процесот на развој на колаборативна рурална политика, а во насока на создавање на поатрактивни и подостапни руралните области за постојното население и потенцијалното ново рурално население.

Проектот Полирурал е реализиран од страна на конзорциумот составен од 37 партнери од Европа, а воден од страна на Универзитетот за земјоделски науки од Прага, Република Чешка.

Во С. Македонија проектните активности се однесуваа на руралниот регион околу градовите Гевгелија и Струмица. Целта на овој пилот беше да се осознае тековната состојба во областа на руралниот развој со цел да се идентификуваат факторите кои би допринеле за зголемување на атрактивноста на руралните средини со цел задржување на постојното население и привлекување на нова популација. Резултатите од реализираните задачи во рамки на проектот за пилотот се структурирани во т.н. Акциски план кој има за цел да помогне на клучните креатори на политиките за рурален развој во С. Македонија во процесот на развој на идни реформи за подобрување на благосостојбата на постојното и потенцијалното ново рурално население.

Во рамки на проектот преку квалитативни и квантитативни пристапи на истражување се реализираше евалуација на ефективноста на постојните мерки и политики за рурален развој, а како резултат се понудени иновативни предлози и препораки за стимулација на руралната политика со што им се овозможува на носителите на одлуки на различни нивоа да бидат подготвени за справување со постојните и идните предизвици во однос на развојот на руралните средини во согласност со трендовите и стратегиите на ЕУ.

 

 

 

Проект „POLIRURAL“ Фејсбук страница: ЛИНК

Проект „POLIRURAL“ Линкдин страница: ЛИНК

 

Преземено од: https://agfutura.com/mk/