Низа на културни манифестации ќе го означи почетокот на првиот мултимедијален фестивал „Преспаленд 2021“. Оваа сабота, во старото училиште „Димитар Влахов“ во селото Љубојно, со одбележување на првиот час по македонски јазик, ќе започне и првиот фестивал на традицијата и историјата во Преспа.
Посетителите, како што информира организаторот, ќе имаат можност да ги вкусат традиционалните, преспански рецепти на локацијата на старото училиште во Љубојно, а настап ќе имаат музичката група Перија и виртуозот на канон и саз, Џенгиз Ибрахим. Посетителите ќе имаат можност да слушнат поезија од Елена Пренџова, Игор Трпчески-Трпе, Марија Грубор и Горазд Китаноски-Кени од Поетри Слем Македонија.
Во недела, на плажата Сливница ќе настапи дуото Дац и Александар, а истиот ден ќе настапи и чаирскиот шармер Владо Јаневски.

Во јули, август и септември, во рамки на фестивалот планирани се едукативни работилници, спортски активности, традиционални и вкусни локални приказни, музички настапи, а ќе има и многу сценски изведби, како и изложби.
Организаторот најавува посета на шест села, со 11 настани, како и време поминато во природа и разубавување на 11 локации.
Влезот за сите настани е бесплатен.
Слични Новости
Нов јавен повик за доставување понуди за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари за долгогодишни насади
Разрешена директорката на Агенција за ветеринарство на Албанија поради ненавремена реакција на птичјиот грип

