Исплатена оштетата на земјоделците од Росоман за 2020 година

Исплатена оштетата на земјоделците од Росоман за 2020 година

 

На фејсбук страната на општината Росоман беше објавено дека ќе се изврши исплата на штети од елементарн незгоди.

,,Врз основа на Одлука на Влада на Република Северна Македонија бр.40-13585/1 од 28.12.2021 година, на општина Росоман и се доделени финансиски средства во износ од 8.959.000,00 денари, средства наменети за исплата на штети од елементарни непогоди (мраз, слана и град)  кои ја зафатија територијата на општина Росоман во 2020 година.’’

Горенаведените средства од страна на Општина Росоман се префрлени на сметките на оштетените земјоделци кои во текот на 2020 година до Комисијата за проценка на штети во општина Росоман ја пријавија настанатата штета.

Средствата на оштетените земјоделци  ќе им бидат на располагање, денес, 12.01.2022 година.

 

Категории: Вести