Германски REWE воведува месни производи составени од 50% растителни состојки

Германски REWE воведува месни производи составени од 50% растителни состојки

 

Групацијата REWE, како прв синџир на супермаректи во Германија, сега нуди класични месни производи кои содржат 50 % растителни состојки. Ова првенствено е наменето на потрошувачите кои сакаат да ја намалат потрошувачката на месо – но без да биде доведено во прашање уживањето во храната. Производите од мешавина од месо и зеленчук беа развиени во производствениот капацитет „Вилхелм Бранденбург“ на групацијата REWE. Палетата на нови производи е под нов бренд наречен „Подобра половина“.

REWE мелено месо

Првично, два производи ќе бидат достапни на полиците  во приближно1.800 супермаркетина REWE во Германија – мелено говедско месо и колбаси зачинети и подготвени со растителни продукти, кои можат веднаш да се употребуваат при подготовка на вкусни и разновидни јадења. Исто така, за понатаму се планираат и други производи од брендот „Подобра половина“  во асортиманот на колбаси.

Двегодишниот развој на производот се фокусира на трендот кон посвесна и избалансирана исхрана и пласман на готови и полуготови производи до крајните потрошувачи на REWE. Овие производи се баланс на висококвалитетни животински протеини и свежи зеленчукови суровини. Растителната мешавина која се користи при подготовка и збогатување на овие производи се состои од пиперки, моркови, кромид, домати, брашно од грашок, билки и природни зачини, без дополнителни засилувачи на вкусот. Дебелиот свински колбас со зеленчукови примеси е погоден за брза и лесна употреба, дали на скара или за пржење, додека меленото говедско месо „Подобра половина“ е многу добро за правење болоњезе, ќофтиња или најразлични сендвичи. Покрај тоа, хибридното говедско мелено месо содржи значително помалку маснотии и калории од класичното говедско мелено месо. Асортиманотна производи „Подобра половина“ се очекува да биде достапен воесен, исклучиво во маркетитена REWE ширум земјата.

 

Категории: Вести