Хоџа: Не се согласувам дека цените се багателни за продажба на земјоделското земјиште

Хоџа: Не се согласувам дека цените се багателни за продажба на земјоделското земјиште

Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа смета дека постапката за носење на новиот Закон за продажба на државно земјоделско земјиште е најтранспарентна и најинклузивна досега. Тој не се согласува со ставовите на противниците на законот бидејќи идејата е да се овозможи развој во земјоделството.

„Терминот распродажба не е соодветен. Земјиштето ќе се продава за развојни цели и ќе има развојна компонента за економијата. Јас внимателно ги следам реакциите од јавноста и се што е аргументирано ќе биде имплементирано во крајното решение. Во однос на „багателните“ цени, ако ги земете површините и обработливото земјиште и тоа што е под концесија има илјадници земјоделци кои имаат површини хектар, два, пет, дваесет кои што сакаат да ги купат. Ако се земе тоа во предвид станува збор за голема инвестиција и земјоделците не се подготвени да ги купат сите површини. Поставеноста на цените е направена според најдобрите пракси во ЕУ и регионот“ истакна министерот во гостувањето на ТВ 24.
Постапката ќе продолжи со повеќе јавни расправи во кои ќе може да учествуваат сите заинтересирани страни.

Вчера се одржа и првиот протест организиран од „Граѓански Фронт“ пред Владата за спротиставување на поднесеното предлог решение за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост.

Категории: Вести