Хоџа на увид во откупните пунктови за тутун – Сите вишоци ќе бидат превземени

Хоџа на увид во откупните пунктови за тутун – Сите вишоци ќе бидат превземени

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, оствари средба со директорот на Тутунски комбинат Прилеп, Кире Станкоски и изврши во увид во отворањето на пунктовите во прилепскиот регион, кои треба да го превземат произведениот вишок на тутун.

Согласно измената на Законот за тутун, рокот за откуп беше пролонгиран до крајот на март, со што се овозможи доволно време за да се откупи произведениот вишок. Со директорот на Тутунски комбинат Прилеп, Кире Станкоски договорено е најголемиот дел од произведениот вишок на тутун, да го откупи Тутунски комбинат, без при тоа да се наруши нивниот позитивен финансиски биланс.

„Се обидуваме да изнајдеме најдобро можно решение, без при тоа да го нарушиме добриот финансиски резултат на Тутунски комбинат. Ние денеска се договоривме со директорот на Тутунски комбинат, но во комункација и со останатите откупни компании, се договоривме дека ќе ги отворат пунктовите на одредени места, каде што е пријавено дека има вишок. Врз основа на тоа, се очекува дека до крајот на следната недела ќе заврши откупот на вишокот на тутун. За деталите и динамиката на откупот, откупните компании самите ќе одлучат, врз основа на доставените податоци од МЗШВ и Сојузот на тутунопроизводители. Очекуваме дека ќе се изнајде решение и нема да остане неоткупен ниту еден килограм тутун од произведениот вишок“ изјави министерот Хоџа.

За време на посетата на прилепскиот регион, министерот Хоџа присуствуваше на отворањето на откупниот пункт на Тутунски комбинат во Црнилиште. Таму денеска непречено се одвива откупот на вишокот, а тутунарите го предаваат вишокот на тутун.

Согласно договореното се очекува во наредните денови и другите откупни компании да ги отворат своите пунктови на повеќе локации во државата и да го откупот вишокот, со цел целокупниот вишок на тутун од реколтата 2020, до последниот килограм, да биде откупен.

Категории: Вести