Цената на пченицата во пораст, а останатите житарици бележат намалување

Цената на пченицата во пораст, а останатите житарици бележат намалување

 

ФАО индексот на цените на житариците во јули изнесува 125,5 поени, што е за 3% пониско во однос на јуни, но сепак за 29,6% над својата вредност од истиот месец минатата година. Меѓународните цени на пченката се намалија за 6% пред сè поради континуираното подобрување на приносот за време на жетвата во Аргентина и позитивните прогнози пред започнување на жетвата во Соединетите Американски Држави. Од друга страна откажаните нарачки за стара пченка од страна на Кина, придонесоа кон делумно стабилизирање на цената на пченката. Во Бразил, поради високите цени на пченката, произведувачите ги насочиле своите капацитети кон домашниот пазар допринесувајќи кон стабилизација на увозот и извозот на пченка.

Извозните цени на јачменот, исто така се намалени во јули за 6,4 %, пред се поради намалената побарувачка за увоз на овој тип на култура. Спротивно на тоа, цената на пченицата бележи пораст за 1,8 %, искачувајќи се  највисокото ниво од средината на 2014 година. Овој раст е поттикнат од постојаната загриженост од неповолните услови на земјоделските култури во Северна Америка, каде постојаната суша го намали приносот на тврда пченица во Канада и пролетната пченица во САД. Спротивно на тоа, силниот дожд ги загрози можностите за поголеми приноси во одредени делови од Европа, додека раните приноси во Руската Федерација беа малку пониски од очекуваното. На јужната хемисфера, можностите за повисоко производство се реални во Аргентина и Австралија. Меѓународните цени на оризот уште повеќе се намалија во јули, достигнувајќи најниско ниво во последните две години, како резултат на одгледување на други култури и честата промена на вредноста на валутите.

житарици

Извор: ФАО

житарици

Извор: ФАО

житарици

Извор: ФАО

 

Автор: Марио Петковски

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Пазари