Зголемените цени на растителните масла и натаму растат на светско ниво

Зголемените цени на растителните масла и натаму растат на светско ниво

 

ФАО индексот на цената на растителното масло во мај во просек достигна 174,7 поени, бележејќи 12,7 поени (или 7,8 проценти) повеќе од претходниот месец и бележи дванаесетти последователен месечен пораст. Континуираниот раст на индексот главно го одразува зголемувањето на цените на маслото од палма, соја и репка.

Меѓународните цени на палминото масло се задржаа во нагорна линија во мај и достигнаа највисоко ниво од февруари 2011 година. Ова се должи пред се на бавниот раст на производството во земјите од Југоисточна Азија придружено со зголемена глобална побарувачка за увоз со што залихите во водечките земји извозници се задржаа на релативно ниско ниво. Што се однесува до маслото од соја, очекувањата за зголемена глобална побарувачка, особено во секторот биодизел, придонесоа кон зголемување на цените, додека причината за зголемување на цената на маслото од репка беше глобалната ограниченост во снабдувањето.

Извор:ФАО

Извор:ФАО

Извор:ФАО

Автор: Марио Петковски

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Агро Бизнис, Пазари