Цената на млекото и млечните производи сè уште се во постојан раст

Цената на млекото и млечните производи сè уште се во постојан раст

 

ФАО индексот на цените на млечните производи во мај во просек достигна 120,8 поени, што е за 1,7 поени повеќе (1,5 процент) во однос на април, одбележувајќи една година на непрекинато зголемување и подигнување на вредноста од 26,4 поени (28 проценти) над нивото од пред една година. 

Сепак, индексот е сè уште за 22,8 проценти под својата врвна вредност достигната во декември 2013 година. Во мај, меѓународните понуди за обезмастено млеко во прав се зголемија најмногу, одразувајќи ја солидната побарувачка за увоз во услови на ограничени залихи во Европската Унија, а исто така зголемена е и побарувачката за полномасно млеко во прав особено од Кина. 

Побарувачката за сирење исто така се зголеми, најмногу заради пониските залихи од Европската Унија во услови на голема побарувачка. Спротивно на тоа, цените на путерот паднаа поради зголемените извозни залихи од Нов Зеланд, означувајќи го крајот на растот на цената по единаесет месеци.

 

млеко цени ФАО

                                                               Извор: ФАО

МЛЕКО ЦЕНИ фАО

                                                                     Извор: ФАО

млеко цени

                                                                   Извор: ФАО

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Пазари