Прогнози на САД: Намирници чии цени најмногу ќе продолжат да растат

Прогнози на САД: Намирници чии цени најмногу ќе продолжат да растат

 

 

До крајот на годината се очекуваат зголемени цени на различни прехранбени производи, а американското Министерство за земјоделство во својата прогноза наведе за која храна станува збор.

Според Стејт департментот на САД, цените на храната во февруари 2022 година биле за 7,9% повисоки отколку во февруари 2021 година, а како главна причина за зголемувањето на цените се наведува конфликтот во Украина.

Поради пореметувања во синџирот на снабдување, но и климатските промени, подолу Ви го презентираме списокот на храна која би можела да поскапи до крајот на годината.

Масти и масла – Се очекува мастите и маслата да поскапат за 6 до 7%.

Свежо овошје – Се очекува поскапување од 5 до 6%.

Свеж зеленчук – Се очекува зголемување од 1 до 2%.

Преработено овошје и зеленчук – Се очекува зголемување од 4,5 до 5,5%.

Шеќер и слатки – Се очекува поскапување од 3 до 4%.

Житарици и пекарски производи – Се очекува зголемување од 3 до 4%.

Безалкохолни пијалоци – Се очекува поскапување од 3,5 до 4,5%.

Според „Business Insider“, една од главните причини за растот на цените е војната во Украина. Конфликтот предизвика недостиг на ѓубрива, го наруши земјоделството ширум светот и доведе до пораст на цените.

Покрај војната, на нарушувањето на цената влијаеја и климатските промени. Имено, влошената климатска криза го отежна снабдувањето со храна.

ОН претходно известија дека во текот на следните три децении „безбедноста на храната ќе биде сериозно загрозена доколку мерките за справување со климатските промени и ранливоста на системот за храна од климатските промени се спроведат во мал или никаков обем.“

Непредвидливите временски прилики можат сериозно да му наштетат на производството на храна. На пример, зголемувањето на температурата на морето и океаните го нарушува снабдувањето со риби, е посочено во анализите.

 

Категории: Вести, Слајдер