Цените на горивата во благ пораст

Цените на горивата во благ пораст

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 %.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста и изнесува 37,719 ден/кг.

Малопродажните цени бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и  се зголемуваат за 0,50, а  малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе остане иста и ќе изнесува 63,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00  ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит.

 

Категории: Вести