Шар Планина го доби статусот на национален парк
Преглед
Владата ја усвои одлуката со која Шар Планина е прогласена за национален парк и со тоа добива дополнителен степен на заштита на природното богатство.

Со прогласувањето на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II, односно за национален парк, нашата држава го добива четвртиот национален парк и прв од прогласувањето на независноста, со што вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво ќе изнесува 13,2% од севкупната територија на Северна Македонија.
Со оваа одлука Владата спроведува континуирани политики за заштитата на природата, за зачувување на уникатните природни вредности, за заштита на специфичниот биодиверзитет и пределска разновидност, но и за отворање на нови можности за одржлив развој на локалната економија.
Слични Новости
Покана за учество во заедничката делегација на шесте земји од Западен Балкан (ЗБ6) на „23. МЕЃУНАРОДЕН БИЗНИС САЕМ ВО МОСТАР
МЗШВ: Известување на распоред за одржување на обука и полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун
Преку мерката „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства” исплатена финансиска поддршка за 306 земјоделци

