Јавен повик за аплицирање за добивање финансиска поддршка преку ИПАРД програмата, Мерката 121
Сите земјоделски стопанства кои во периодот од 1. септември 2020 година до 31. март 2021 година подигнале нови повеќегодишни лозови, овошни насади или ароматични растенија и медоносна флора (еводија, багрем и фацелија) ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку мерката 121 „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“, информираше Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Финансиската поддршка за прифатливи трошоци по корисник изнесува 2,5 милиони денари. За да може да се аплицира за добивање на оваа поддршка потребно е барателите садниците да ги имаат набавено од снабдувачи кои се запишани во регистарот на снабдувачи на семенски материјал и во регистарот на снабдувачи на саден материјал.
Барањата кои не се доставени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат. Краен рок за доставување на барања за исплата е 30.09.2021 година.
Повеќе информации во врска со јавниот повик може да добиете на www.ipardpa.gov.mk
Фото: Pixabay