Повратник од САД вложува во Делчево за производство на алкохолни дестилати

Повратник од САД вложува во Делчево за производство на алкохолни дестилати

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој нуди поддршка на вложувањата во нови лозови и овошни насади и ја издвои успешната приказна на печалбарот Нино кој се вратил во родниот крај з да инвестира.

Нино од Делчево е повратник од САД кој решил својот стекнат капитал да го вложи во родниот град.

Како професионален сомелиер со долгогодишно искуство, тој има одлична идеја за преработка на грозје и слива во алкохолен дестилат, а истиот веќе и обработува околу 2 хектари со слива од видовите стенлеј, чачанскародна и пожегача.

Финансиската поддршка од Мерка 7 преку ИПАРД програмата која ќе биде објавена во наредниот период е добра шанса за оваа идеја да прејде во реализација.

Поддршката се состои од грант од 65% при набавка на потребната опрема за производство на алкохол од овошје.

Од АФПЗРР соопштуваат дека е тука да го посоветува и поддржи Нино, но и сите земјоделци и претприемачи со добар бизнис план.

Категории: Вести