Хонг Хонг нареди усмртување на 2000 хрчаци поради короната

Хонг Хонг нареди усмртување на 2000 хрчаци поради короната

Властите во Хонг Хонг во вторникот, дaдоа наредба да бидат уништени 2.000 хрчаци од десетици продавници за миленичиња и складишта. Ова уследи откако вработен во продавница за миленичиња е позитивен на сојот делта. Во истата продавница  и 11 хрчаци се позитивни на КОВИД-19.

Иако не постојат научни докази дека животните може да ги заразат луѓето, и истото беше потврдено од локалните власти, министерката за здравство, Софија Чан, изјави дека не може да исклучи какви било можности за пренос и затоа владата не може да ризикува.

Освен што наредиле убивање, властите побарале затворање на десетици продавници за домашни миленици, а увозот и продажбата на мали цицачи се суспендирани. Од купувачите на хрчаци по 22 декември 2021 година е побарано да ги предадат на властите за уништување и да не ги оставаат на улица.

По наредбата за масовно убивање поради стравувањата од КОВИД-19, многу сопственици ги напуштале своите миленици. Како реакција на ова, илјадници луѓе во Хонг Конг доброволно се пријавиле да посвојат несакани хрчаци.

Ванеса Барс, професор на Градскиот универзитет во Хонг Конг, рече дека потегот да се уништат хрчаците на продажба може да се оправда врз основа на заштита на јавното здравје, но стравувањата од инфекција дома беа претерани.

„Милиони луѓе ширум светот имаат домашни миленици и нема докажани случаи на миленици кои пренесуваат инфекција на други луѓе“, рече Барс.

„Теоретскиот ризик постои, но тоа едноставно не се случува.

 

Извор: Reuters

Фото: Pixabay

Категории: Вести