Ќе се гради првиот приватен ветропарк во Македонија – инвестиција вредна 61 милиони евра
Вчера официјално беше претставен проектот наречен Ветропарк Богословец кој има за цел да произведува струја од обновливи извори. Да нагласиме дека ова ќе биде првиот приватен ветропарк во Македонија. Овој проект е според ново усвоената Стратегија за развој на енергетиката која ќе трае до 2040 година и ќе се фокусира на декарбонизација на производството на струја како и промоција на обновливи извори за одржливо производство на електрична енергија.
„Се работи за инвестиција вредна над 61 милион евра во општините Свети Николе и Штип. Ветропаркот Богословец со предвидените осум турбини и моќност од 36 мегавати ќе го удвои постојниот ветерен капацитет во земјата и ќе придонесе кон намалување на CO2 емисиите од над 87 илјади тони годишно“, изјави премиерот Заев и подвлече дека важно за целиот инвестициски циклус е фактот што при изградбата се запазуваат еколошките стандарди и истовремено се поддржуваат општите цели на земјата за климатска транзиција и обновлива енергија.
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.