(Анкета) Колку европејците имаат доверба во својата прехранбена индустрија?

(Анкета) Колку европејците имаат доверба во својата прехранбена индустрија?

 

Ние сме она што јадеме. Но, колку европејците имаат доверба во својата прехранбена индустрија? EIT Food TrustTracker® е годишно анкета која ги мери овие параметри. Истражувањето се потпира на искуствата на потрошувачите и е базирано стриктно на докази.

Осврнувајќи се на вредности како што се грижа, компетентност и отвореност во производствениот систем – истражувањето  ја мери довербата на потрошувачите кон земјоделците, производителите, трговците на мало и надлежните институции во индустријата за храна.

Ова неодамнешно истражување направено на речиси 20.000 поединци откри дека европските потрошувачи генерално имаат доверба во сите делови на системот за храна, но, довербата не е еднакво висока во зависност од тоа за која група станува збор (земјоделци, трговци, преработувачи или надлежни власти).

Мисијата во EIT Food е да се изгради доверба меѓу потрошувачите и прехранбениот сектор и да се трансформира системот за храна во Европа да биде поздрав и поодржлив.

 

Земјоделците се избрани како група со најголема доверба во прехранбениот сектор од страна на европските потрошувачи

Студијата спроведена на речиси 20.000 потрошувачи од 18 европски земји открива дека довербата во прехранбениот сектор е зголемена во текот на 2020 година, но сепак, мнозинството потрошувачи сметаат дека секторот не работи во насока на поддршка на јавниот интерес.

Колку европејците имаат доверба во својата прехранбена индустрија?

Довербата на потрошувачите во прехранбениот сектор се зголеми во текот на КОВИД-19 пандемијата, открива новиот извештај од водечката европска иницијатива за иновации во храната.

Извештајот за доверба во храната на EIT анкетираше 19.800 потрошувачи од 18 европски земји за да ја измери довербата во системот за храна и довербата во прехранбените производи. Студијата беше спроведена од конзорциум од паневропски академски партнери, вклучувајќи ги Универзитетот во Ридинг, Европскиот информативен совет за храна (EUFIC), Универзитетот во Архус, Универзџитетот во Левен и Универзитетот во Варшава.

Извештајот покажува дека довербата на потрошувачите во сите делови на прехранбениот сектор е зголемена, а со тоа и довербата што ја имаат во прехранбените производи, со вкупни зголемувања меѓу 3% и 8%.

 

Јавноста полага најмногу доверба во земјоделците – надлежните органи и преработувачите заостануваат

Од сите чинители во прехранбениот сектор, јавноста има најголема доверба во земјоделците, со две третини (67%) од европските потрошувачи кои изјавиле дека им веруваат на земјоделците, во споредба со само 13% кои немаат доверба.

Трговците на мало се следната група со најголема доверба, со 53% од потрошувачите кои ја изразуваат својата доверба – пораст од 7% од 2018 година, потенцијално поврзан со КОВИД-19 пандемијата и благодарноста кон овој сектор која ја чувствуваат голем дел од потрошувачите.

Довербата во надлежните институции и во преработувачката индустрија, сепак заостанува. Помалку од половина од потрошувачите во сите земји (47% односно 46%) изјавија дека им веруваат на овие групи. Во меѓувреме, повеќе од една четвртина од потрошувачите (29% односно 26%) не им веруваат како на владините институции, така и на преработувачите.

Колку европејците имаат доверба во својата прехранбена индустрија?

Индустријата не ги исполнува барањата на потрошувачите за здравје и одржливост

Кога станува збор за довербата во квалитетот на самите прехранбени производи, потрошувачите веруваат дека безбедноста на храната, генерално гледано е подобрена, со зголемување од 8% од 2018 година до денес, со што процентот на доверба достигна до 55%. Во Велика Британија, овој процент достигнува до 74%.

Во однос на здравјето, и покрај тоа што седум од 10 (71%) тврдат дека кога се во можност, избираат здрави опции наместо нездрави. Помалку од половина (43%) од европските потрошувачи веруваат дека прехранбените производи се генерално здрави. Во меѓувреме, само четири од 10 (40%) веруваат дека прехранбените производи што ги купуваат се генерално автентични, наместо лажни или вештачки (со вештачки додатоци кои не се наведени на самата декларација).

 

Исто така, само три од 10 потрошувачи (30%) се уверени дека прехранбените производи генерално се произведуваат на одржлив начин (што значи еколошки, со ефикасна употреба на ресурси и етички одговорни), во споредба со 42% кои ги сметаат за неодржливи.

Ова е во спротивност со вредносниот систем на самите потрошувачи, бидејќи повеќе од три четвртини (76%) од европејците изјавиле дека чувствуваат морална обврска да користат еколошки производи, додека шест од 10 (60%) велат дека кога би имале избор, би купувале одржливи стоки наместо оние кои не се произведени на одржлив начин. Ова укажува на јасна потреба од поеколошки производи доколку производителите сакат да ја задоволат потребата на Европскиот потрошувач.

Колку европејците имаат доверба во својата прехранбена индустрија?

 

Извор: www.eitfood.eu

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.