Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,56 % .
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,249 ден/кг и сега ќе изнесува 48,170 ден/кг.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), ќе се зголемат за 1,50 ден/лит , додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се згоелмува за 1,00 ден/лит.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84,00 ден/лит и 86,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 74,50 лит/лит. и за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 76,00 ден/лит.