Бесими: Еколошката такса не треба да се гледа како кризен данок

Бесими: Еколошката такса не треба да се гледа како кризен данок

Според министерот за финансии нема основ на новата еколошка такса да се гледа како на кризен данок како што обвинува опозицијата. 

 

“Во земјава постои консензус меѓу власта, опозицијата и бизнис заедницата дека е време да се дизајнира моделот на еколошки давачки и тие да се донесат. Дилема и дискусија постои дали ваквите средства ќе се инвестираат за еколошки проекти и дали токму сега е тајмингот за нивно воведување. Фискално гледано нема основ за таква претстава за еколошката такса. Инфлацијата што би се предизвикала од неа останува во рамките на проекциите и нема да предизвика инфлаторна спирала. Важно е што овие средства ќе бидат за зелената агенда и за проекти што значат енергетска ефикасност, обновливи извори за енергија и подобрување на животната средина по сите програми и основи”, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

 

По донесувањето на ребалансот на Буџетот, министерот очекува да има суштинска расправа со конструктивна дебата, предлози и сугестии не очекува да има опструкции од опозицијата зашто, како што вели, сите исто ќе ги почувствуваат придобивките или последиците  од економската криза.

Со ребалансот ќе се одделат повеќе средства за здравството, набавка на вакцини и уште 100 милиони евра во владината програма за Ковид-19.

За тоа како изгледа ставот на нашите земјоделци во врска со еколошката такса, пристапете на следниот линк:

Земјоделците незадоволни од еколошката такса: Ова е директен удар врз нас

Категории: Вести