БиХ: Се увезува млеко со сомнителен квалитет

БиХ: Се увезува млеко со сомнителен квалитет

 

Во последниве 10 години во Босна и Херцеговина, увозот на млеко и млечни производи е речиси двојно поголем од извозот. Ова дополнително ја отежнува ситуацијата на млекопроизводителите во земјата, предупредија преставниците на нивните здруженија.

За овој период увезени се 43,7 милиони килограми млеко и млечни производи, за нешто повеќе од 140 милиони конвертибилни марки, додека извезени се 66,7 милиони килограми од истите производи, во вредност од околу 77,5 милиони марки.

-Ние имаме ситуација во која на доста млечни производи нема никакво ограничување при увозот. Влегова како сурува стока, потоа некој малку го преработува, препакува и го продава како домашен производ. Млекото од странско потекло не е ни блиску до квалитет како домашното. Тоа е некој концентрат за разлика од млекото што кај нас се произведува, изјави Неџат Биќо, претседател на Здружението на земјоделство на БиХ.

 

Извор: InStore

Категории: Вести