Дали органските фармери ќе „настрадаат“ со Заедничката земјоделска политика на ЕУ?

Дали органските фармери ќе „настрадаат“ со Заедничката земјоделска политика на ЕУ?

 

Големата реформа на Заедничката земјоделска политика на ЕУ (ЗЗП) доведе до серија на протести во Франција, пред се на органските фармери кои се загрижени дека со измените ќе се намалат средствата за нивна помош.

Жулијан Денорманди, министерот за земјоделство на Франција, од друга страна пак смета дека протестите се неоправдани и дека пресметките на Националната федерација на органско земјоделство (ФНАБ) се погрешни, а мотивите за протестите се политички.

Според федерацијата, органските земјоделци во просек ќе изгубат 66 % од помошта согласно идната ЗЗП. Одбивајќи да плати за еколошките услуги што ги дава органското земјоделство, министерот 

Националниот секретар на ФНАБ за ЗЗП, Лош Мaдeлин додаде дека пристапот на министерот е „навреда за органските земјоделци“.

Што се однесува до „еко-шемите“ – наменети за да ги наградат земјоделците за спроведување еколошки земјоделски пракси, исто така подеднакво ќе важат и за органското земјоделство и за земјоделските пракси признаени со ознаката Висока еколошка вредност (HVE) која многу здруженија ја обвинија како „лажна зелена етикета“.  

Денорманди тврди дека помошта за органското земјоделство ќе се зголеми од 250 на 340 милиони евра годишно во идниот буџетски период, т.е. зголемување од 30%, односно досега „невиден износ според Министерството“.

Пад од 66% или пораст од 30%?

Проблемот е во тоа што двете страни зборуваат за различни форми на помош, што значи дека вистината лежи некаде помеѓу тврдењата на ФНАБ и уверувањата на Денорманди.

Земјоделците се плашат дека ќе се намали поддршката која ги покрива нивните трошоци, додека пак министерството ветува зголемена помош но, врз база на реализираното производство.

Според реформите, помошта за фармерите кои ќе се преориентираат кон органско производство со текот на времето ќе се намалува, но здруженијата критикуваат дека периодот на трансформација е долг и скап и тие години се клучни за добивање помош, за да се стигне до посакуваните цели на органско производство.

Овие проблеми не се однесуваат само на Франција, бидејќи слични движења има и во сите 27 земји членки на Европската Унија. 27-те министри за земјоделство на ЕУ сè уште не сакаат да и дадат премногу простор на агроеколошката транзиција, инсистирајќи на минимум 18 % за директна помош од ЗЗП да се посвети на еко-режими, во споредба со 30 % што ги бара Европскиот парламент.

Начинот на кој ќе се спроведе реформата на ЗЗП исто така ќе има големо влијание и врз македонското земјоделство со оглед на тоа што во перспектива Македонија треба да ги започне преговорите за членство во ЕУ и да го усогласи домашното законодавство со европското, во случајот на земјоделскиот сектор со ЗЗП. 

Извор: euractiv.com

Фото: FNAB

 

Категории: Вести