Ваучерите за туризам ќе бидат издадени до крајот на оваа недела

Ваучерите за туризам ќе бидат издадени до крајот на оваа недела

 

Досега се издадени 2.500 ваучери за туризам, од вкупно 4.000. Останатите треба да бидат поделени до крајот на неделава, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.

„Имав комуникација со одредени институции за да може да ги издадеме сите ваучери во текот на неделава. Имајќи предвид дека 2.500 ваучери веќе беа издадени пред да бидат распишани локалните избори, постапката ќе продолжи. Исплата од Министерството за економија до хотелските капацитети не се прави веднаш, но тоа е предвидено во буџетот и ќе се направи во моментот кога ваучерите ќе бидат користени. До крајот на неделава ќе ги издадеме сите ваучери, а до крајот на годината имаме право да ги направиме сите исплати во хотелските капацитети“, изјави Бектеши.

Тој додаде дека интересот за оваа мерка е голем, а финалниот список, кој добил ваучер, ќе биде објавен кога ќе бидат доделени сите ваучери.