(Видео) Оранжериско производство на модар патлиџан – од сеење, преку берба, до преработка
481 Прегледи
Некои го обожуваат, други не можат да го поднесат! Сепак, за вкусовите нема да дискутираме во овој текст. Оставаме на вас самите да одлучите во која група припаѓате. Неговото височество – модар патлиџан.
Модриот патлиџан е популарна култура кога станува збор за оранжериското производство. Тој има висок потенцијал за принос, брз раст и квалитет кој е можено да се одржи подолго одошто кај некои други култури. За време на вегетативниот период, модриот патлиџан пројавува поволни својства, што го прави прилично прилагодлив на различни услови за одгледување.
Во видеото подолу можеме да погледнеме како во едно добро уредено земјоделско оранжериско производство се култивира овој зеленчук, и како од него се прават соодветни преработки: