Погледнете го новиот дрон за прскање на DJI кој е сон на секој земјоделец (видео)

Погледнете го новиот дрон за прскање на DJI кој е сон на секој земјоделец (видео)

 

Новиот дрон за апликација на пестициди и семе DJI AGRAS T20 од компанијата DJI е дизајниран да работи и во најкомплексните средини. Во својот систем содржи автономно планирање на летови, голем капацитет за носење на товар и опции за заштеда на енергија.

DJI AGRAS T20 може да носи тежина со максимален капацитет од 20 килограми. Според компанијата, прскалките кои што се инсталирани на дронот се оптимизирани за прскање со униформни капки со ефективност во апликацирање на ширина од 7 метри.

Дронот содржи 8 прскалки и пумпа со голем капацитет која овозможува апликација на течност до 6 литри во минута. Делот кој го мери и регулира протокот на течност работи со помош на електромагнет кој има 4 канали и може индивидуално да ги мониторира и контролира прскалките што овозможува голема ефикасност при работа. Дополнително, дронот за прскање користи омнидирекциски радар кој детектира препреки од сите хоризонтални правци. Отпорен е на прашина и вода со оценка ИП67, што го прави идеален за испирање и константно правилно оддржување.

На следново видео можете да го видите AGRAS T20 при извршување на операција:

 

Автор: Марио Петковски

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Иновации