Сосема нов револуционерен мултифункционален трактор со 1100 КС – Жетва во Украина

Сосема нов револуционерен мултифункционален трактор со 1100 КС – Жетва во Украина

 

Зад новиот мултифункционален трактор  NEXAT стои целосно нов систем за извршување на различни агро-технички операции во полјоделството кој е создаден благодарение на најновите технички достигнувања. Тракторот NEXAT има 1100 коњски сили, a исто така може да се опише како превозно возило со широк распон со заменливи тела. 

Овој трактор е фасцинантен поради големиот број на различни приклучоци за обработување, сеење и берба кои може да се интегрираат. Исто така, изгледа прекрасно кога е монтиран со прскалки широки до  70 метри. 

Системот го олеснува Земјоделството со контролиран сообраќај (Controlled Traffic Farming, CTF). CTF е метод за управување низ полето што се користи за намалување на штетите врз почвата предизвикани од тешка земјоделска машинерија или повторени преминувања со една машина по обработливата површина. 

Во ова видео се упатуваме кон Украина за да ве запознаеме со NEXAT и неговите пронаоѓачи од фабриката за идеи Калверкамп.

 

Категории: Иновации