Противпожарни дронови – Први на местото на настанот

Противпожарни дронови – Први на местото на настанот

 

FD-1600 е противпожарен дрон, целосно независно развиен од компанијата Feilong. Неговиот модуларен дизајн бара само 2 минути за инсталација. Рамката на машина е направена од карбонски влакна, што ја прави машината водоотпорна и отпорна на прашина. Коефициентот на пропустливост е IP56. FD-1600 е опремен со 6 топки за гаснење пожар, кои можат брзо да го контролираат пожарот пред да пристигнат пожарникарите. FD-1600 е опремен со камера која зумира до 30х за да му обезбеди на оној кој управува со дронот ефикасно да го набљудува пожарот и да ги пронајде евентуално заробените луѓе.

Дали станува збор за шумски пожари, или пожари предизвикани од палење на стрништа – противпожарните дронови се идеална алатка за иницијално контролирање на пожари, пред тие да се прошират.

Во ова кратко видео е прикажан дронот при неговата подготовка за полетување, и при самото полетување. За среќа, не е прикажан пожар во видеото – па нема потртеба да се вознемирувате. Погледнете:

Категории: Иновации