Голем натпревар за агрономи и иноватори во Кина вреден 154 илјади долари

Голем натпревар за агрономи и иноватори во Кина вреден 154 илјади долари

 

Пиндуодуо, Универзитетот за земјоделство на Кина и Жеџијанг Универзитетот го отворија новиот натпревар за паметно земјоделство на кој учесниците може да освојат грантови од паричниот фонд кој изнесува 154 илјади американски долари.

Ова е втора година како се организира Натпреварот за паметно земјоделство со техничка подрршка од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Универзитетот Вагенинген.

Натпреварот ќе ги вклучи младите агрономи и компјутерски научници од целиот свет. Натпреварувачите ќе преземат мултидисциплинарен пристап, применувајќи иновации за храна, прецизно земјоделство и друга релевантна технологија за одгледување домати. Победниците ќе се оценуваат според приносот, хранливата вредност, одржливоста на животната средина и комерцијалната одржливост.

Пиндуодуо, го организира годишниот натпревар како дел од својата поддршка за глобалните напори за подобрување и модернизирање на земјоделско-прехранбениот систем преку примена на технолошки иновации. Како најголема кинеска земјоделска платформа која опслужува 824 милиони потрошувачи, компанијата го направи земјоделството централен дел од својата мисија да го подобри начинот на производство, транспорт и продажба на храната.

Регистрацијата за натпреварот ќе заврши на 9 септември 2021 година. Тимовите можат да се регистрираат преку веб-страната на натпреварот.

 

 

Категории: Вести, Иновации