Што е Храна 2030?
Храна 2030 е истражувачка и иновативна политика на ЕУ за трансформација на системите за храна, која обезбедува секој да има доволно достапна и нутритивна храна за здрав живот.
Амбицијата е да се постигне силен и одржлив систем за храна, погоден за иднината. Системите за храна, исто така, треба да обезбедат дополнителни придобивки за здравјето на луѓето, климата, планетата и заедниците.
Храна 2030 ја обезбедува политичката рамка за забрзување на оваа транзиција во безбедни планетарни граници. Тоа е во согласност и ги поддржува целите на Европскиот зелен договор, Стратегијата „Фарма до вилушка“ и Стратегијата за биоекономија.
Зошто треба да се променат системите за храна
Денешните системи за храна се неодржливи. Тие, во исто време се под влијание од, но и влијаат врз:
- климатски промени
- недостаток на ресурси
- загадување и отпад
- деградација на животната средина
- губење на биодиверзитетот
- пораст на популацијата
- неухранетост и незаразни болести поврзани со исхраната
Начин на функционирање на проектот
Храна 2030 го опфаќа целиот систем за храна, поврзувајќи повеќе сектори од примарното производство со преработка на храна, малопродажба и дистрибуција, пакување, отпад и рециклирање, угостителски услуги и потрошувачка. Оваа политка се надоврзува на различни истражувачки и иновативни активности во различни области и низ различни дисциплини за да најде одговори на меѓусебно поврзани предизвици. Целта на проектот е:
- зајакнување на кохерентноста на политиката
- зајакнување и искористување на финансирањето и инвестициите
- стеснување на јазот во иновациите (јазот помеѓу вистинската иновација и иновацијата што е потребна)
- зголемување на преземањето на пазарот и општествена важност на прехранбените производи, алатки и услуги
- да ја поддржи улогата на технологиите со иновативен концепт, новите пристапи и бизнис модели во транзицијата на системите за храна
Главни цели
Амбицијата на Храна 2030 е да постигне 4 клучни цели:
- Одржлив и здрав режим на исхрана
- Системи за храна што поддржуваат здрава планета
- Циркуларност и ефикасност на ресурсите
- Иновации и зајакнување на заедниците
10 насоки за постигнување на целите
Финансирањето ќе биде обезбедено од Хоризонт Европа (Horizon Europe). Ќе се концентрира на 10 области познати како насоки за акција
- Промени во управувањето и системите
- Трансформација на урбаниот систем за храна
- Храна од океаните и слатководните ресурси
- Алтернативни протеини и промена во исхраната
- Отпад од храна и ефикасност на ресурсите
- Светот на микробиомот
- Здрава, одржлива и персонализирана исхрана
- Системи за безбедност на храна во иднина
- Системи за храна Африка
- Системи и податоци за храна
Десетте насоки за акција се целосно во согласност со новото предложено партнерство за Системи за безбедна и одржлива храна за луѓето, планетата и климата – како и поддршка на целите на Мисијата: Здравје на почвата и храна.
Погледнете го следново видео кое го објаснува целиот проект:
Проектот „Ко-креирање на стабилни и одржливи системи на храна во согласност со FOOD2030“ (CITIES2030) со траење од четири години (2020-2024) e финансиран од Европската Унија преку програмата за истражување и иновации Хoризонт 2020. Конзорциумот на проектот CITIES2030 е составен од 41 партнер од 19 европски земји, а дел од партнерите се и македонската компанија АгФутура Технологии, како и македонското здружение Платформа за зелен развој.