(Видео) Што навистина стои зад недостигот во супермаркетите ширум САД?

(Видео) Што навистина стои зад недостигот во супермаркетите ширум САД?

 

Продавниците за храна низ САД се соочуваат со намалени залихи и празни полици бидејќи ја доживуваат најтешката криза во синџирот на снабдување во последните децении. Но, медиумското покривање на ова прашање од страна на мејнстрим медиумите не ни ја прикажува вистинската слика. Тие се обидуваат да нѐ убедат дека она што се случува во супермаркетите во САД е само „привремено“ нарушување што може лесно да се поправи и кое наскоро ќе го снема. Сепак, експертите од индустријата за храна не се согласуваат со овие наоди. Во изминатиот период се појавија повеќе експерти за да предупредат дека недостигот во супермаркетите ширум САД и тесните грла на синџирот на снабдување најверојатно ќе се интензивираат за време на празничната шопинг сезона, што се покажа како точно.

Имајќи го тоа на ум, денес решивме да откриеме што навистина стои зад недостигот во супермаркетите ширум САД. Во една неодамнешна статија, писателот и економски аналитичар Мајкл Снајдер објави е-пошта што ја добил од инсајдер во индустријата за храна кој ја раскажал својата страна на приказната. Изворот, кој управува со самопослуга во Мејн, нагласува дека работите одат од лошо кон полошо. Всушност, тој дури нагласува дека никогаш не видел „ништо слично на она што се случува сега“. Некои од информациите што ги споделил се навистина алармантни. „Проблемите со снабдувањето се реални!“, вели изворот. „Нашите добавувачи нè ограничија во нарачките – ограничувајќи го физичкиот број на производи што можеме да ги нарачаме“.

Најголемиот проблем на неговиот добавувач е невидениот недостиг на магацински работници. Особен недостаток се чувствува во подигнување и транспорт на стоките кои се нудат. Но, секаде е истата приказна. Да не навлегуваме детално со долги анализи и текстови. Да го погледнеме видеото и да пробаме да сфатиме каде лежи суштината на проблемот:

 

Категории: Вести, Слајдер