Видови на млечни крави застапени во Македонија

Видови на млечни крави застапени во Македонија

 

Според официјалните податоци во 2020 година бројот на млечни крави во Македонија изнесува 107.000. Во 2019 година, вкупното производство на кравјо млеко во Македонија изнесувало 390.903.000 литри, а годишното производство на кравјо млеко по едно грло изнесувало 3.438 литри. Моментално постојат 114 фирми за производство на млеко и млечни производи од кои 58 се микропретпријатија, 43 се мали претпријатија, 9 се средни претпријатија, а 4 големи претпријатија.

Како еден од главните параметри за успешност во производството на млеко и млечните производи е избирање на вистинската раса на млечни крави која што ќе одговара на условите на вашата фарма. Во светот постојат голем број на раси на крави чиишто особини одговараат на местоположбата во која што се настанати или пак раси кои што се добиени преку вкрстување за целосна комерцијална експлоатација со цел добивање на поголеми количини на млеко или пак задржување на некои особини како што е отпорност, плодност или друго.

Тимот на Моја Фарма овој текст го посветува на претставување на различните раси на млечни крави кои што постојат во светот.

Буша

Започнуваме со најпознатата раса на овие простори, Бушата, која е стара домашна раса на просторите на Балканскиот полуостров. По раст е мала, со кратки рогови и се смета дека постои уште од неолитско време. Со текот на времето започнало вкрстувањето на Бушата со други видови на крави и денеска е многу тешко да се најде чиста раса. Во зависност од тоа од кој предел потекнува кравата истата има различна боја. На пример, Буша од Македонија е во плаво-сиви нијанси, додека пак Буша од регионот Метохија има црвеникава нијанса.

Во принцип имаат компактно тело со висина од нешто повеќе од 1 метар и тежина помеѓу 230 и 270 килограми. Машките единки се малку повисоки и нивната тежина изнесува од 340 до 430 килограми. Бидејќи претставува вид кој што вирее на нашите простори од многу одамна и е целосно приспособен на нашите услови, Бушата е отпорна на болести и паразити и може да преживее со минимална посветеност, слаба исхрана и природно пасење. Исто така, претставува и многу уреден вид бидејќи извршува дефекација на одредени места за разлика од другите видови на крави кои тоа го прават насекаде.

Производството на млеко е со висока ефикасност земајќи ги предвид димензиите на телото. Може да произведе до 1.400 литра на млеко во период од 240-280 дена (лактациски период).

млечни крави Македонија

 

Швајцарска кафеава

Голем дел од историчарите се согласуваат дека токму оваа раса претставува една од најстарите во светот. Пронајдени се остатоци покрај швајцарските езера кои датираат од 4.000 години п.н.е. Претставува втора раса по бројност во светот со над 14 милиони грла.

Бојата на крзното е секогаш кафеава со бели области во пределот на муцката. За заштита од соларната радијација нивните очи се со темна боја. Можат да се одгледуваат за двојна намена (млеко и месо). Кафеавата швајцарска раса е силна и приспособлива раса со долг животен век и голема плодност. Млекото добиено од оваа раса најмногу одговара на производителите на млечните производи, додека пак одгледувачите ја избираат поради правилно поставените нозе што овозможува подолго да стојат во боксовите за молзење.

млечни крави Македонија

Извор: thecattlesite.com

 

Холштајн

Кравите од оваа раса најбрзо се препознаваат по карактеристичните шари и извонредното производство на млеко.  Тие се прилагодуваат на сите системи и начинот на нивно искористување. Тие можат да бидат во штала, но подеднакво се погодни и за пасење. Можат да се чуваат на пасишта или во мешани земјоделски системи со двогодишно пасење или да бидат во штала во текот на целата година. Холштајн расата е погодна за нискобуџетни земјоделски системи, но исто така се извонредно соодветни како крави за интензивно одгледување и производство на млеко. Доколку оваа раса се одгледува во несоодветни услови како што се големи разлики во температурата или пак некои други надворешни влијанија, ќе се јави намалено производство на млеко и подложност на болести. Можат да произведат над 30 илјади литри на млеко во текот на една година и исто така можат да се молзат и по два пати на ден.

млечни крави Македонија

Извор: thecattlesite.com

 

Фризиска раса

Оваа раса може да има две комбинации од боја (бела со црна и бела со црвена) и е многу слична на Холштајн расата. Наменета е за отворен тип на производство во ниски или високи предели на пасишта. Има од 12 до 15 лактациски периоди при кои може да произведе доста квалитетно млеко. Покрај производство на квалитетно млеко, плодноста на оваа раса е исто така висока. Дури и при добивање на машки телиња кои што за производството на млеко не се баш добредојдени, оваа раса има многу квалитетно месо што дополнително може да влијае врз целосната успешност на фармата.

 

млечни крави Македонија

Извор: thecattlesite.com

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Сточарство