Кои работи треба да ги преземете кај тукушто родено теле?

Кои работи треба да ги преземете кај тукушто родено теле?

 

Секое новородено теле е кревко и нема специфична отпорност кон надворешните услови. Доколку не се преземат одредени работи и не се посвети соодветна грижа во почетната фаза од животот, ова во голема мера ќе има влијание врз целосниот развиток на телето во подоцнежните фази од животот. Од друга страна, овие недостатоци во развојот автоматски и директно се одразуваат на економски начин кај одгледувачот без разлика дали преку намалено ниво на произведено млеко или пак послаб потенцијал во создавање на мускулната маса.

Што треба да се преземе кај тукушто родено теле ?

Првин, новороденчето треба во првите 2 часа да биде нахрането со 2 литра на колострум. Навремена исхрана со доволна количина на колострум е од огромно значење за создавање на општа отпорност на телето. Во текот на наредните хранења оваа пракса продолжува, односно на телето треба да му се даде најмалку 5 литри во првиот ден од раѓањето.

Откако ќе биде нахрането, папочната врвца на телето треба да биде исперена со тинктура на база на јод. Потребна е повремена проверка на папокот во текот на целата недела во случај да не е настаната инфекција. Инфицирана папочна врвца треба да биде мека и тенка. При ваква инфекција, се намалува општата отпорност на телето и може да се јави развој на несакани здравствени проблеми. Обезбедувањето на чиста средина треба да биде приоритет во почетната фаза на развој на телињата. Тоа подразбира чисти простории за чување, контрола на температурата, чисти кофи и млеко, мека простирка од слама, контрола на муви и обезбедување на квалитетна храна и вода.

Телето не треба да биде во контакт со останатите крави, бидејќи може да дојде до пренос на патогени бактерии и развој на болест за која телето не е отпорно, односно подготвено. Ова најдобро се избегнува доколку телињата се затворени во специјални кафези каде што контактот е сведен на минимум.

Правење на промени во врска со одгледувањето треба да се врши постепено. Првин од индивидуалниот кафез, телето треба да се премести во групните одгледувалишта. Постојат многу форми на промени кои што треба да се постигнат (социјална, исхрана, грижа, одгледување и клима), но сето ова треба да биде извршено со особено внимание за да се намали стресот кај телињата. Како знак на добро здравје и раст, телињата треба да бидат со сјајно влакно, добро оформени грбни мускули и добро пополнет абдоминалниот предел.

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Сточарство