Федералната влада на БиХ го ограничува производството на ракија за физички лица

Федералната влада на БиХ го ограничува производството на ракија за физички лица

 

Алкохолни пијалоци, ракии и ликери во Федерацијата БиХ во иднина ќе можат да произведуваат и продаваат само правни и физички лица кои се запишани во регистарот на производители, предвидува предлог-законот за жестоки алкохолни пијалоци.

Со него се предвидува и оние производители кои за свои потреби произведуваат жестоки алкохолни пијалоци се должни да се запишат во регистарот во случај таа количина да надмине 20 литри чист алкохолен пијалок во текот на годината.

За да може еден производител да биде регистриран и да произведува повеќе од 20 литри годишно, треба да исполнува и одредени услови во поглед на капацитети, опрема, уреди, стручен кадар.

Исклучок се производителите кои се занимаваат со производство за свои потреби, но во строго ограничени количини.

Првиот нацрт на законот е направен по моделот на Хрватска, а предвидува и казни за непочитување на споменатите прописи и тие се движат од 1.000 до 9.000 км.

 

Категории: Вести