Асоцијацијата за е-трговија повикува: Побрзајте и аплицирајте за проектот „Agri e-commerce” – остана уште малку време!

Асоцијацијата за е-трговија повикува: Побрзајте и аплицирајте за проектот „Agri e-commerce” – остана уште малку време!

 

Во насока на поддршка на локалните агро-производители кои сакаат да ги пласираат своите производи надвор од својата локална околина и сакаат да започнат со нивна продажба со помош на е-трговијата, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија објави јавен повик во рамки на проектот „Agri e-commerce”, поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).

Целта на оваа активност е да се одговори на потребите што доаѓаат од веб-платформите за е-трговија за продажба на локално одгледувани агро-производи (свежи или преработени) од една страна и да им се помогне на локалните земјоделски производители да ги продаваат своите производи преку Интернет, од друга страна, преку едуцирање на агро-производителите за зголемување на нивните дигитални вештини, поврзување и олеснување на соработката помеѓу двете страни.

Повеќе информации и аплицирање на следниот ЛИНК.

Линк со видео до Фејсбук објава на ИМЕ – https://fb.watch/8J3FLSbQHL/

 

Категории: Вести