Успешен проект на здружение од Босна и Херцеговина – Заштита на потеклото на Дрварскиот матен пекмез од дренка

Успешен проект на здружение од Босна и Херцеговина – Заштита на потеклото на Дрварскиот матен пекмез од дренка

 

 

Во здрава животна средина, средина без загадувачи, богата со шуми, вода за пиење, поволни климатски услови, создадени се оптимални услови за растење на дренка во природно опкружување. Областа околу градот Дрвар во Босна и Херцеговина е позната по дренки и традиционални производи добиени со преработка на дренки.

Стогодишна традиција

Во областа Дрвар постои долга традиција на одгледување и производство на најфините производи од дренка. Секоја куќа знае што е Имбер (традиционален сируп од дренки), секоја куќа го знае вкусот на зрелите дренки и мирисот на дренките. Предците на луѓето од Дрвар го знаеле дејството на дренката и со неа лекувале разни болести.

Една од иницијативите за заштита на традиционалните производи и промоција на БиХ на глобално ниво, здружението „Буди Здрав Ко Дрен“ , започнува во 2010 година како семеен бизнис со продажба на овошни производи, како пекмез, сок, ракија и ликер под брендот „Дрен“.

„Како што се трудевме да развиеме иновативни комуникациски и претприемачки вештини, продажбата и побарувачката растеа“, велат претставници на здружението. „Во текот на 2016 година почнавме со промовирање на дренката, а исто така започнавме и со развојни проекти. Во 2017 година ја одржавме првата професионална работилница наречена „БРЕНДАОНИЦА“, со цел да ги поврземе домашните производители и купувачите од цела Босна и Херцеговина.“

„Буди Здрав Ко Дрен“ е здружение кое има за цел да ги заштити, промовира и зајакне локалните производители кои продаваат и преработуваат производи од дренка. „Буди Здрав Ко Дрен“ соработува со други здруженија, приватен и јавен сектор и институти од регионот.

Целта е да се поврзат луѓето, да се подобри конкурентноста на сите алки во производниот синџир, да се зголеми преработката, продажбата и дистрибуцијата на производи од дренка, да се намали невработеноста и да се интегрираат оддалечените и неразвиените региони.

„Буди Здрав Ко Дрен“ е активен во текот на целата година

„Постојано работиме и создаваме нови можности за развој на локалните заедници низ Босна и Херцеговина. Нашите напори и работа се препознаени од бројни домашни и меѓународни организации од кои сме добиле значајни награди и со кои соработувавме. Создадовме мрежа на соработници и обучени членови со цел заеднички да пристапиме кон ЕУ фондовите“, вели Јованка Саблиќ, основач и раководно лице на Здружението.

Некои од успешните проекти на „Буди Здрав Ко Дрен“:

  • KATANA REWARD CROWDFUNDING CAMPAIGN (HORIZON 2020 PROGRAM)
  • BOND (HORIZON 2020 PROGRAM)
  • БРЕНДАОНИЦА 1
  • ДРЕНИЈАДА
  • ИЗЛОЖБЕН ПРОСТОР „БУДИ ЗДРАВ КО ДРЕН“

Пред неколку месеци работев на проектот „Заштита на матен пекмез од дренка“, вели Јованка, „и на тој начин на градот Дрвар му го донесов првиот производ со заштитено име и ознака за потекло „Заштита на потеклото на Дрварскиот пекмез од дренки“.

„Неодамна го реализирав проектот „Кампања за Дрварски матен пекмез од дренка“ во форма на видео кое е достапно на мојот канал на YouTube. Видеото е создадено од светски наградувани експерти со цел да се промовира овој уникатен производ“, дополнува Јованка.

 

Во продолжение погледнете ја и оваа галерија од активностите на „Буди Здрав Ко Дрен“

 

 

Традиционалниот начин на подготовка и уникатната рецептура ги даваат најфините производи. Производите на „Буди Здрав Ко Дрен“ се подготвуваат рачно, без машини. Количините на сите производи се ограничени. Секој производ е направен рачно и не е достапен во продавниците за храна и пијалаци.

 

Категории: Вести, Слајдер