Во организација на ФАО и МЗШВ се одбележува Светски ден на храната 2021 во село Егри

Во организација на ФАО и МЗШВ се одбележува Светски ден на храната 2021 во село Егри

 

 

На 20 октомври (среда) 2021 година, со почеток во 11:00 часот, во ОУ „Крсте Петков Мисирков“, село Егри (Oпштина Битола) ќе се одржи настан на отворено по повод одбележување на Светскиот ден на храната 2021 година. Настанот го организираат Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) во соработка со ОУ „Крсте Петков Мисирков“ с. Егри и Министерството за земјоделство, шумарство и водоствопанство.

Светскиот ден на храната оваа година повикува на глобална солидарност да се преземе акција и да се сензибилизира јавноста за тоа како секој од нас има важна улога во трансформирање на нашите земјоделско-прехранбени системи, менувајќи го начинот на кој ја произведуваме, трансформираме, консумираме и фрламе храната – од владите, до приватните компании, земјоделците, граѓанските организации, академијата и сите поединци, вклучувајќи ги и најмладите!

Преку ликовна активност, децата ќе бидат охрабрени да се приклучат на глобалниот конкурс на ФАО за постер по повод Светскиот ден за храната за 2021 година, илустрирајќи ја нивната идеја за патувањето на храната, од нива до трпеза.

Оваа година, ФАО го доближува Светскиот ден на храната до децата од руралните средини за да се запознаат со значењето на земјоделско-прехранбените системи и како младите луѓе можат да преземат акција да станат херои на храната и да ги направат системите за храна поодржливи, поотпорни, поправедни и поинклузивни.

Поздравни говори на настанот ќе имаат:

  • Росана Дуџак, Постојана координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија
  • Кирил Георгиевски, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
  • Кристина Митиќ Арсова, Национален тим лидер на ФАО

Повеќе информации за настанот од Агендата.