Во 2021 година вкупно 203,5 милиони евра – инвестирани директно во земјоделскиот сектор

Во 2021 година вкупно 203,5 милиони евра – инвестирани директно во земјоделскиот сектор

 

Министреството за земјоделство, шумарство и водостопанство на својот фејсбук профил објави дека оваа година во земјоделскиот сектор директно се инвестирани вкупно 203,5 милиони евра.

,,2021 ќе биде запаметена како година во која имаме рекордно високи исплати на средства во земјоделскиот сектор. 2021 беше тешка година за земјоделството. Но затоа, кога во таква година ќе се постигнат резултати, успехот е уште поголем. Никој не беше оставен сам да се справува со кризата. Нема реална цена за трудот на земјоделците, тие немаат фиксно работно време, немаат сезона на одмор, ниту паузи во процесот на производство како што имаат другите сектори. Но, затоа секогаш кога имаше потреба, државата интервенираше! Секогаш помагавме, во законски рамки и во рамките на буџетот.’’

146 милиони евра се исплатени за двете програми кои ги креира Министерството, од кои околу 121 милиони евра за субвенции и 25 милиони за инвестиции во рурален развој.

18 милиони евра за капиталните водостопански инвестиции, средства со кои долгорочно го решаваме водоснабдувањето и стабилното наводнување.

10 милиони евра за втората фаза на проектот за наводнување на јужната долина на Вардар.

За ИПАРД 2 програмата во 2021 година исплатени се околу 16 милиони евра од кои 12 милиони се учество на европски средства а 4 милиони се од националното кофинансирање. И повторно, веќе трета година по ред, нема да се враќаат пари назад, бидејќи искористеноста е скоро 100%.

13.5 милиони евра, од ковид програмата, од кои 5 милиони евра им се исплатени на тутунопроизводителите и уште 8.5 милиони треба да се исплатат деновиве за производителите на грозје, ориз и јаболка.

 

Категории: Вести