Германски REWE воведува месни производи составени од 50% растителни состојки
Групацијата REWE, како прв синџир на супермаректи во Германија, сега нуди класични месни производи кои содржат 50 % растителни состојки. Ова првенствено е наменето на потрошувачите кои сакаат да ја намалат потрошувачката на месо – но без да биде доведено во прашање уживањето во храната. Производите од мешавина од месо и зеленчук беа развиени во производствениот капацитет „Вилхелм Бранденбург“ на групацијата REWE. Палетата на нови производи е под нов бренд наречен „Подобра половина“.

Првично, два производи ќе бидат достапни на полиците во приближно1.800 супермаркетина REWE во Германија – мелено говедско месо и колбаси зачинети и подготвени со растителни продукти, кои можат веднаш да се употребуваат при подготовка на вкусни и разновидни јадења. Исто така, за понатаму се планираат и други производи од брендот „Подобра половина“ во асортиманот на колбаси.

Двегодишниот развој на производот се фокусира на трендот кон посвесна и избалансирана исхрана и пласман на готови и полуготови производи до крајните потрошувачи на REWE. Овие производи се баланс на висококвалитетни животински протеини и свежи зеленчукови суровини. Растителната мешавина која се користи при подготовка и збогатување на овие производи се состои од пиперки, моркови, кромид, домати, брашно од грашок, билки и природни зачини, без дополнителни засилувачи на вкусот. Дебелиот свински колбас со зеленчукови примеси е погоден за брза и лесна употреба, дали на скара или за пржење, додека меленото говедско месо „Подобра половина“ е многу добро за правење болоњезе, ќофтиња или најразлични сендвичи. Покрај тоа, хибридното говедско мелено месо содржи значително помалку маснотии и калории од класичното говедско мелено месо. Асортиманотна производи „Подобра половина“ се очекува да биде достапен воесен, исклучиво во маркетитена REWE ширум земјата.
Слични Новости
Интервентниот фонд ќе се прошири со нови мерки – Субвенции за набавка на вештачки ѓубрива за пченка, сончоглед и ориз
Николовски: Продолжуваме со субвенции, грантови, ИПАРД, зелена нафта и други мерки важни за земјоделците

