Регионален младински саем за вработување

Регионален младински саем за вработување

 

Националниот младински совет на Македонија организира Регонален младински саем за вработување кој ќе се одржи на 28 февруари. За таа цел, отворени се два повици за учество за млади лица и правни субјекти од Скопскиот регион.

Регионалниот младински саем е предвиден како збирно место на повеќе компании од регионот кои работат во различни области меѓу кои информациски технологии, фармација, медицина, социјални услуги, формална и неформална едукација, земјоделство, градежништво и инфрастурктура, маркетинг и односи со јавност.

Саемот е замислен како отворена платформа за градење вештини и компетенции за вработување на младите како и креирање на можности за нивно поврзување со работодавачите, појаснуваат од НМСМ.

Дополнително, пред саемот ќе се одржи и обука за кариерно насочување за сите заинтересирани млади лица. Фокусот на оваа обука ќе биде креирање на професионална биографија, спроведување интервју со компании, како и споделување на други корисни совети за подобро претставување пред потенцијални работодавачи.

Сите заинтересирани млади лица и правни субјекти можат да се регистрираат за учество на саемот најдоцна до 10 февруари.

Целосните повици, како и формуларите за реигистрација се достапни на веб-страната на МладиХаб и на наведените линкови.

Млади лица

Повик за учество за млади лица

Формулар за регистрација за млади лица

Правни субјекти

Повик за учество за правни субјекти

Формулар за регистрација за правни субјекти

Проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” има за цел да придонесе кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд.

Проектот го спроведува Национален младински совет на Македонија во соработка со CEED Hub Skopje, благодарение на финансиската поддршка од Британската амбасада во Скопје.

 

Категории: Вести, Слајдер